Кривична за охриѓанец кој пред својата пицерија поставил маси и столови | Правдико

Правдико

   

Кривична за охриѓанец кој пред својата пицерија поставил маси и столови

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Против 23-годишно лице од Охрид поднесена е кривична пријава за узурпација на недвижности.

Тој во својство на управител и сопственик на компанија од Охрид, без да поседува одобрение за поставување урбана опрема на јавна површина, пред својата пицерија на улицата Бранко Шотра во Охрид поставил урбана опрема, со што извршил узурпација на јавна површина, јавуваат од полицијата.

Пријавениот не го почитувал решението на општинскиот комунален инспектор при Општина Охрид за отстранување на урбаната опрема, велат од МВР.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико