Кривична за охриѓанец кој продавал марихуана
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против Н.П. (53) од Охрид поради постоење основи на сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.
Пријавениот во март годинава набавил наркотична дрога марихуaна и по претходен договор и негови инструкции со веќе кривично пријавениот Е.П.Е. (54) од Струмица за одреден паричен надомест отишол во Скопје, каде што се сретнал со С.Т. (45) од Скопје (веќе кривичнопријавен), и ја преземал дрогата со цел да ја преподаде.
На враќање кон Струмица Е.П.Е., кој патувал со меѓуградски автобус, бил легитимиран и претресен од страна на полициски службеници. Притоа, била откриена најлонска ќеса во којашто имало осум пакувања со марихуана во вкупна тежина од еден килограм и седумстотини грама.
Пријавениот Н.П., кој е член на организирана криминална група, кој во моментов е недостапен на органите на прогон. Од страна на Судија на претходна постапка на Н.П. му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.
Извор: Нова Македонија