Кривична за охриѓанец за семејно и физичко насилство
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Д.(58) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување судска одлука“.
Пријавениот, со судско решение издадено од Основниот суд Охрид, имал забрана да врши семејно насилство.
Но, и покрај тоа М.Д. продолжил да ја малтретира, вознемирува, навредува и физички да ја напаѓа неговата 81-годишна мајка.
Исто така, продолжил да оштетува и фрла предмети од домот и да врши семејно насилство од секаков вид.
На 17.02.2017 година пријавениот, во присуство на малолетни членови од семејството, започнал повторно со вознемирување, малтретирање и упатување на закани кон неговата мајка по што физички ја нападнал.
На тој начин М.Д. предизвикал чувство на страв, несигурност и вознемиреност кај неговата мајка и останатите членови од семејството.
Извор: Макфакс