Кривична за поранешниот директор на „Комуналец“ – Крива Паланка за злоупотреба на положбата
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Т.Т.(46) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
„Во периодот од октомври 2012 до октомври 2017 година, пријавениот како директор на Јавното претпријатие ‘Комуналец’ – Крива Паланка, без претходно склучени договори, ангажирал физички лица за извршување активности за наведеното јавно претпријатие, со што го оштетил за околу 12.221.293 денари“, соопшти МВР.
Извор: Макфакс