Кривична за поранешниот градоначалник на Долнени поради злоупотреба на тендерска постапка | Правдико

Правдико

   

Кривична за поранешниот градоначалник на Долнени поради злоупотреба на тендерска постапка

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на општина Долнени и правното лице ДООЕЛ „Пела транс“ од селото Мажучиште поради сомнеж за злоупотреба на тендерска постапка.

„На 10. 12. 2014 година М.С. во својство на градоначалник на општина Долнени донел одлука за јавна набавка за изградба, одржување, реконструкција и заштита на локалните патишта, улици и мостови во општина Долнени, во вредност од 15.776.000 денари. По распишување на јавната набавка, пријавеното правно лице основано од пријавениот, во прилог на тендерската документација, приложило уверение со невистинита содржина за платени даноци и придонеси, со што извршиле злоупотреба на постапката“, соопшти МВР.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико