Правдико

   

Кривична за претседателката на Институтот на сметководителите, плаќала обуки што не се одржале

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Кривична пријава од Управата за финансиска полиција доби Ленче Папазовска, претседателката на Институтот на сметководителите и овластените сметководители (ИСОС), оти од сметката на Институтот префрлала пари што завршувале на сметки на физички лица кои не извршиле никакви услуги за Институтот. Управата кривична пријава до Основното јавно обвинителство поднесе и против С.М., овластено лице во Стопанската интересна заедница Национален комитет на Интернационална стопанска комора во Република Македонија (ИСК Македонија), лице што помагало во извлекувањето на парите од сметката. Финансиската полиција влезе во Институтот еден ден по објавите на „Макфакс“ за низа злоупотреби кај сметководителите.

„Л.П., искористувајќи ја својата службена положба како претседател на ИСОС, потпомогната од второпријавениот С.М., во својство на овластено лице во Стопанската интересна заедница Национален комитет на ИСК Македонија, со цел да стекне противправна имотна корист за себе и за други физички лица, на 2.1.2017 година склучила договор, број 0307/001 со ИСК Македонија, врз основа на кој во повеќе наврати од банкарската сметка на Институтот префрлила парични средства на сметката на ИСК Македонија по основ на фактури во вкупен износ од 9.777.300,00 денари, кои потоа им се исплатуваат како надомест на поголем број физички лица (сите членови на Управниот одбор, Надзорниот одбор и комисиите формирани при Институтот за сметководителите и овластените сметководители), без тие лица да извршат какви било услуги за потребите на Институтот или ИСК Македонија. На споменатиот начин во текот на 2017 година, од страна на ИСК Македонија, исплатени им се 7.994.000,00 денари на поголем број физички лица на име надомест за подготовка на обуки, надомест за консултанти ангажирани за експертиза од областа на даноците и сметководството, како и презентациски способности, за кој износ пријавените го оштетиле Институтот на сметководителите и овластените сметководители на Република Македонија“, соопшти Управата.

Договорот за експертиза пријавените го склучиле на подолг временски период, односно до 2021 година, сметајќи дека интересот за посетување обуки од страна на сметководителите е голем и задолжителен и со тоа постојано ќе може да се црпат средства од Институтот и тие ќе се префрлаат на сметките на експертите, кои ниту подготвувале, ниту консултирале ниту презентирале каков било вид обуки за сметководители, утврдила Финансиската полиција.

Папазовска вели дека одлуката да се склучи таков договор била донесена пред таа да стане претседателка. Најави дека на суд ќе ги изнесе сите закани, уцени и притисоци поради кои била принудена да го склучи договорот што бил изгласан од Собранието пред таа да дојде на функцијата.

Утрово Папзовска кај министерот за финасии и фромално поднела оставка од функцијата откако четири месеци се води тивка војна во Институтот за претседателското место. Во спорна постапка, на крајот од минатата година, без мислење од Министерстовото за финасии, Папзовска беше разрешена од функцијата и од тогаш траат превирањата во Институтот.

Денес сметководителите во тензична атмосфера има нов обид за распуштање на Собранието токму поради утврдениот непотизам во органите.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико