Кривична за разбојник кој крадел радијатори и вентили од УЈП – Струга | Правдико

Правдико

   

Кривична за разбојник кој крадел радијатори и вентили од УЈП – Струга

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Струшката полиција поднесе кривична пријава против Н.М. (34) поради сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“.

Како што информираат од МВР, Н.М. ги сторил делата во периодот од 25 декември минатата година до 14 јануари годинава во магацински простор и во даночното одделение на Управата за јавни приходи во Струга, како и во помошна просторија во струшкото село Радолишта.

Во објектот на даночното одделение на Управата за јавни приходи Струга влегол со употреба на сила и тврд предмет и одзел радијатори и вентили предизвикувајќи материјална штета околу 60.000 денари. Во магацинскиот простор влегол со употреба на сила и погоден алат и одзел еден апарат за швајцување, две брусилки, 50 метри електричен кабел и една поголема вреќа со бакарни жици и кабли. На тој начин предизвикал материјална штета од околу 32.500 денари. Во помошните простории во Радолишта влегол со помош на клучот кој бил оставен до вратата и одзел една моторна пила, флекс-машина и комплет кутија со алати со што причинил материјална штета од 40.000 денари.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико