Кривична за сопственикот на кучињата од Бачишта | Правдико

Правдико

   

Кривична за сопственикот на кучињата од Бачишта

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Кривична пријава е поднесена против 49-годишниот Ш.В. од село Бачишта, Кичевско, сопственикот на кучињата што минатата недела нападнаа четиригодишно дете, кое потоа почина.

Лицето се товари за сторени тешки дела против општата сигурност и предизвикување општа опасност.

Пријавениот на 16 март годинава во близина на своето трло со овци пуштил неконтролирано да се движат опасни овчарски кучиња, кои потоа го усмртија детето од Бачишта. Детето било нападнато кога излегло само од дворот каде што живее, при што добило тешки телесни повреди од кои починало три дена подоцна.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико