Кривична за тетовец кој при сообраќајна расправија посегнал по пиштол | Правдико

Правдико

   

Кривична за тетовец кој при сообраќајна расправија посегнал по пиштол

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 61-годишник од тетовското село Џепчиште за сторени кривични дела загрозување со опасно орудие при тепачка или караница и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Како што информираат од МВР, на 28. мај годинава на регионалниот пат Тетово – Јажинце, меѓу пријавениот и 30-годишник од село Непроштено настанала расправија во врска со недавање предност во сообраќајот, по што пријавениот со возилото му го попречил патот и со пиштол упатил закани по неговиот живот.

На 29. мај годинава, полицијата извршила претрес во домот и помошните простории на пријавениот, при што пронајдени и одземени биле 94 парчиња муниција калибар 7,9 милиметри, 8 парчиња муниција калибар 9 милиметри, 4 парчиња муниција од гасен пиштол и куршум од 6 милиметри.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико