Кривична за уредник на портал и директор на медиум | Правдико

Правдико

   

Кривична за уредник на портал и директор на медиум

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Уредник на портал и директор на фирма заработија кривична пријава заради тоа што злоупотребиле лични податоци и без знаење на жртвата отвориле лажен фејсбук профил и поставувале непримерни коментари, а сето тоа го објавиле на порталот.

facebook

Како што соопшти МВР, СВР Битола поднесе кривична пријава против лицата Д.К (28) од Куманово, А.П.(26) од Скопје и „Медиа пет“ ДООЕЛ Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

Првопријавениот, уредник на веб порталот „Think.mk“, и второпријавениот, управител на „Медиа пет“ ДООЕЛ Скопје, спротивно на одредбите од законот за лични податоци, без согласност на Н.М. од Битола, објавиле лажен профил на социјалната мрежа Фејсбук со нејзина фотографија и нејзино име.

Истите, притоа објавиле и коментар со непримерна содржина, а содржината ја објавиле и на веб порталот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико