Кривична за Виничанец што се обидел да грабне девојка | Правдико

Правдико

   

Кривична за Виничанец што се обидел да грабне девојка

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Кривична пријава е поднесена против 27-годишниот У.М. од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело противправно лишување од слобода.

Во април годинава на ул. „Маршал Тито“ во Делчево пријавениот пресретнал 17-годишно девојче од Делчево, кое било со својата баба, и со употреба на сила ја ставил во такси-возило. Девојката се противела и сакала да замине, но У.М. ја удрил во пределот на носот нанесувајќи ѝ телесна повреда.

Такси-возачот се вознемирил од настанот и му пратил порака на сопственикот на такси-компанијата, во која напишал да биде сопрен од полицијата во Македонска Каменица.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико