Кривични пријави против 11 лица за третманот на штитеничката од домот „25 Мај“ | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Кривични пријави против 11 лица за третманот на штитеничката од домот „25 Мај“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за труд и социјална политика поднесува 11 кривични пријави за случајот во Заводот за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје.

„Врз основа на записникот и извештајот од извршениот вонреден инспекциски надзор од страна на Социјалната инспекција, Министерството ќе поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против одговорните лица во Центарот за социјална работа – Скопје за ‘,несовесно работење во служба’’ , како и против стручни лица вработени во Центарот, за кривично дело ,’запуштање на малолетно лице’’, и за ,’несовесно работење во служба’’’, велат од Министерството за труд и социјала.

Пријавите се покренуваат против сите лица кои биле задолжени да постапуваат и преземаат службени дејствија во периодот од 2012 до 2017 година, за случајот со 13-годишното девојче кое абортирало откако било силувано и злоупотребувано.

Исто така, од страна на инспекторите се поднесени 12 иницијативи за покренување дисциплинска постапка против стручни лица, согласно со Законот за работни односи. Поведени се и 13 постапки за сторени прекршоци од страна на стручните лица во постапувањето во овој случај, согласно со Законот за социјална заштита, известија од ресорното министерство.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико