Правдико

   

Кривични пријави против двајца кичевци за тешки кражби

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.Р. (27) од Кичево и Л.А. (27) од село Грешница, Кичевско, поради сторени седум кривични дела тешка кражба во обид, кривично дело тешка кражба и кривично дело кражба.

Според информациите од МВР, во периодот од декември 2018 година до 13.2.2019 на подрачјето на Кичево, во девет куќи, пријавените со употреба на сила влегувале внатре и одзеле разни алати и апарати, со што предизвикале материјална штета од 100.000 денари.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико