Кривични пријави против две лица кои со нож ограбувале таксисти | Правдико

Правдико

   

Кривични пријави против две лица кои со нож ограбувале таксисти

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за имотни деликти и малолетничка деликвенција – Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Гази Баба по целосно документирање ќе поднесе кривична пријава против двајца 18-годишни лица од Скопје поради основано сомнение дека извршиле четири кривични дела „разбојништво“.

„Пријавените, кривичните дела ги извршиле во месец декември годинава, врз такси возачи од различни такси компании, на идентичен начин, односно се качувале во такси возила барале да се превезат до скопското село Брњарци и во сите случаи со закана со нож од такси возачите барале пари“ се наведува во соопштението.

По преземени мерки и активности дојдено е до сознание дека извршители на кривичните дела се пријавените лица, поради што двете лица се приведени.

Со наредба од Основен суд Скопје I Скопје извршени се два претреси во Скопје. На 19.12.2018 година во Полициска станица Гази Баба во присуство на Јавен Обвинител од страна на оштетените извршено е препознавање на пријавените.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико