Кривични пријави против две лица од Охрид за злоупотреба на службена положба и овластување
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Ц.(52) и Е.С.(60) двајцата од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Првопријавениот во својство на директор на ЈП „Нискоградба“-Охрид, со неизвршување на својата службена должност, без склучен писмен договор за изведување на водоводни линии или инсталации, без добиена потребна документација и без извршен надзор од порачувачот МЈП “Проаква“ Струга РЕ „Водовод“Охрид, одобрил ЈП„Нискоградба “-Охрид како изведувач, во 2011 година во Охрид да започне и за потребите на порачувачот да изведе реконструкција на гравитациона водоводна линија Ф 450 од бензинска пумпа „Макпетрол“ до каптажа „Бејбунар“.
Второпријавениот во својство на службено лице раководител во Одделението за комунален развој во Општина Охрид, со неизвршување на својата службена должност, без да прибави потребна градежна и правна документација – проекти, одлуки, пресметки и друга неопходна документација, на 16.07.2011 година изготвил, потпишал, заверил и до ЈП „Нискоградба“ доставил налог за работа за реконструкција на истата водовод- на линија на потег „Бејбунар“.
Истото го направил иако знаел дека работните ангажмани на истата линија од ЈП „Нискоградба“ веќе биле започнати предходно без склучен писмен договор помеѓу порачателот и изведувачот.
На овај начин пријавените му нанеле штета на ЈП „Нискоградба“ кое реконструирало – изградило гравитациона линија за која од 2011 година од ЈП„Проаква“ и од Општина Охрид неможела да го наплати својот работен ангажман и вграден материјал во износ од 11.323.836 денари (околу 182.000 евра).
Извор: МВР