Кривични пријави против насилниците за тепачката во ноќниот клуб „Кадмо“ | Правдико

Правдико

   

Кривични пријави против насилниците за тепачката во ноќниот клуб „Кадмо“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Tetovo-policija.jpgПоради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.М. (27), М.П. (19) и Д.Ј. (19) сите од Охрид. На 08.08.2015 година околу 02,00 часот, пријавените заедно со уште неколку лица, во ноќниот клуб „Кадмо“, физички го нападнале К.Р. од Охрид удирајќи го со раце и нозе во пределот на главата и телото.

Од силината на ударите повредениот К.Р. паднал во бесознание по што веднаш е пренесен во Општата болница во Охрид. Потоа пријавените ја нападнале и Ј.Ф. која се обидела да ги спречи и да го заштити К.Р. Притоа и таа се здобила со повеќе удари со раце и нозе и со влечење за коса била изнесена надвор од објектот.

Истиот ден, СВР Охрид ги пронајде и приведе осомничените по што беше извршено препознавање и идентификација на лицата учесници во нападот.

Препорачуваме

Партнери на Правдико