Кривични пријави против три лица, со камион истурале градежен отпад
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Тројца жители на тетовското село Боговиње ги загрозиле животната средина и природата со отпадни материи.
Тие во периодот од јуни до август 2018 година со камиони вршеле истовар на земја, бетонски столбови, штици и пластики на локалниот пат од селото Боговиње кон селото Селце.
Против Ф.А. (38), Е.З. (41) и Б.М. (42) е поднесена кривична пријава, соопшти МВР.
Извор: Макфакс