Кривични пријави за 8 лица од Велес поради несовесно работење во службата и фалсификување исправа | Правдико

Правдико

   

Кривични пријави за 8 лица од Велес поради несовесно работење во службата и фалсификување исправа

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

СВР Велес поднесе кривична пријава против З.Ј.(49) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа” и продолжено кривично дело „употреба на исправа со невистинита исправа”, против Љ.Т.(56) од Скопје и Б.Н.(45) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување на исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, И.Т.(50) од Штип, М.Т.(53) од Скопје, Н.П.(38) од Скопје, А.О.(36) од Скопје и З.И.(53) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

На 13.09.2016 година во Биро за Метрологија при Министерство за Економија, прво, второ и трето пријавениот на име на третопријавениот поднеле барање за регистрација за увезено товарно возило од Германија во кое приложиле копија од германски купопродажен договор со невистинита содржина. Договорот бил заверен кај нотар од второпријавениот, а како странки се јавуваат лице од Германија како продавач и третопријавениот како купувач на возилото.

Потоа, истиот ден  четврто, петто, шесто и седмопријавениот, како вработени во Биро за Метрологија, изготвиле и испратиле потврда за отварање на постапка за регистрација.

На 06.10.2016 година осмопријавениот – вработен во Одделение за Управни работи Велес, без да изврши проверка во документите ја одобрил регистрацијата на возилото, иако согласно член 24 од Законот за Возила на Република Македонија правно лице не може да има статус на повратник и во Република Македонија да увезе половно моторно возило кое не ги исполнува основните ЕУРО 4 стандарди за регистрација на возило по прв пат.

Препорачуваме

Партнери на Правдико