Кривични пријави за четири момчиња од Скопје | Правдико

Правдико

   

Кривични пријави за четири момчиња од Скопје

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

10082016140831_web_policija-1728x800_c-12140-51231СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.Д.(21), С.К.(21) и против две други малолетни лица, сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени шест кривични дела „тешка кражба“.

Пријавените ги извршиле делата во периодот од 11-ти до 15-ти август годинава во повеќе деловни објекти во Охрид. Истите со употреба на подесен алат насилно влегувале во објектите одземале разни предмети. На тој начин истите предизвикале материјална штета и се стекнале со противправна имотна корист од 46.000 денари.

СВР Охрид изврши претрес во собите каде што престојувале пријавените и пронашле дел од алатот користен во извршувањето на тешките кражби.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико