Кривични пријави за двајца полицајци кои претепале тинејџер во Охрид | Правдико

Правдико

   

Кривични пријави за двајца полицајци кои претепале тинејџер во Охрид

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава против двајца полицајци од полициската станица Охрид поради сомнение за сторени кривични дела „малтретирање во вршење на службата“ и „тешка телесна повреда“.

Едниот полицаец е 39-годишен жител на струшкото село Подгорци, а другиот е 47-годишник од Пештани.

Како што онформираат од МВР, на 21 јули годинава на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид, при преземање на службени дејствија, пријавените примениле средства за присилба при апсење на 18-годишен охриѓанец кој им давал отпор.

Меѓутоа, претерале со средствата за присилба и на момчето му нанеле тешка повреда.

Против осомничените полицајци поведена е дисциплинска постапка пред надлежната комисија за сторено потешко кршење на работниот ред и дисциплина и истите се отстранети од работното место до завршување на постапката.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико