Кривични пријави за двајца прилепчани | Правдико

Правдико

   

Кривични пријави за двајца прилепчани

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

policijaПолициската служба Прилеп поднесе кривична пријава против З.А.(41), Ј.Т.(37), двајцата од Прилеп и против правното лице „Голд Хит“ ДООЕЛ-Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено продавање или купување готовински странски платежни средства и чекови“ од Законот за девизно работење, а З.А. и Ј.Т. се пријавени и за сторено кривично дело „недозволена трговија“.

Од 18.10.2013 година, З.А. во договор со Ј. Т. без дозвола и овластување од Народна банка на Р Македонија непречено вршеле менувачки работи во изнајмени деловни објекти од Прилеп на кои истакнувале реклама менувачница, а кои објекти ги користеле без да има било каква регистрирана трговска дејност.

З.А. претходно го користел правното лице „Златко Хис“ ДООЕЛ-Прилеп на кое бил основач и управител, но во 2014 година е ликвидирано со стечај, додека Ј.Т. која е основач и управител на пријавеното правно лице, фирма за трговија на мало со часовници и накит покрај трговијата со накит непречено вршел и менувачко работење.

Извор: Мета.мк

Препорачуваме

Партнери на Правдико