Кривични пријави за две лица што се сликале со ендемичен орел | Правдико

Правдико

   

Кривични пријави за две лица што се сликале со ендемичен орел

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

СВР Битола поднело две кривични пријави за битолчаните Н.С. (40) и Г.М. (39) за мачење животни.

zlaten-suri-orel

„Првоосомничениот Н.С., откако фатил орел златен сури, го однел во дворот на семејната куќа, го врзал со јаже и на таков начин го изложил на непотребни маки и му нанел непотребни болки. Наредниот ден двајцата битолчани насилно му ги рашириле крилјата на орелот и се фотографирале со него, а потоа и ги објавиле сликите на социјалната мрежа „Фејсбук““, информираат од МВР.

Овој вид орел, познат како златен сури, е заштитен затоа што е пред целосно исчезнување на територијата на Македонија. Први по настанот реагираа од македонското здружение за заштита на бувови МОТ, а веста веднаш се рашири по социјалните мрежи.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико