Кривични пријави за фирмите кои земале помош за плата, а не ја исплатиле
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, денеска соопшти дека се извршени контроли кај 60 фирми кои добиле субвенции од државата за плати лани во април, мај и јуни или октомври, ноември и декември, а не ја исплатиле платата на работниците. Контролите се направени по пријава на граѓани и врз основа на направена анализа на УЈП на фирми кои добиле помош, а не исплатиле плата.
„Кај 16 од нив е утврдено дека исполниле условот за финансиска поддршка бидејќи во месеците кога е користена помошта не бил намален приходот за 30 отсто. 7 фирми го намалиле бројот на бројот на вработени од законскиот во месеците, додека 2 фирми не ги исполниле и двата услова за субвенции, бројот на вработени и намалување на приходот, а 2 фирми не дозволиле инспекторите да влезат во фирмите“, изјави денеска Лукаревска.
Таа додаде дека само едена фирма ја вратил финансиската помош бидејќи не ги исполнил условите за нејзино добивање, а двајца други треба да ги вратат парите со камата.
„Сите прекршители на законот ќе бидат санкционирани, а за дел од нив веќе се дадени на натамошно постапување во јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, додека во две фирми чии работодавачи не соработуваа со инспекторите ќе влезе финансиската полиција“, прецизираше Лукаревска и најави контроли на 11 фирми од текстилната и чевларската индустрија како и кај фирми кои се занимаваат со продажба на кондиторската производи кај кои има разлика во податоците во даночните пријави и завршните сметки. Кај нив, како што рече Лукаревска контролите ќе бидат извршени за 5 години наназад.
Синдикалните организации во Македонија веќе неколку месеци алармираа дека има фирми кои не им исплатиле плата на работниците, а земале помош од државата. Поради тоа тие побараа од Владата овие субвенционирани плати да ги исплаќаат директно на сметките на работниците, а газдите кои го прекршиле законот да бидат казнети.
Извор: Радио Слободна Европа