Кривични пријави за изработка и употреба на лажна платежна картичка | Правдико

Правдико

   

Кривични пријави за изработка и употреба на лажна платежна картичка

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Секторот за Компјутерски Криминал и Дигитална Форензика при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против Б.З. (37) и В.З. (46) поради постоење основи на сомнение за сторенo кривичнo делo „изработка и употреба на лажна платежна картичка“.

Пријавените во периодот од  март до јуни 2015 година, со фалсификување платежни картички на странски државјани направиле повеќе од 1000 фиктивни резервации на нивната фирма.

Пријавените  преку интернет набавиле банкарски податоци од вистински платежни картички, односно од носителите на странски платежни картички, со кои извршилe повеќе успешни нелегални трансакции на ПОС Терминал во правно лице во период од март до мај 2015 година, односно преку нивната интернет страна правеле резервации за фиктивни аражмани, внесувајќи податоци од платежни картички кои биле претходно фалсификувани и злоупотребени.

На овој начин двајцата пријавени се стекнале со противправна имотна корист од 4.696.167.00 денари.

Препорачуваме

Партнери на Правдико