Кривични пријави за македонски, турски и албански државјанин за криумчарење мигранти | Правдико

Правдико

   

Кривични пријави за македонски, турски и албански државјанин за криумчарење мигранти

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

mvr-618x3601Во текот на минатата недела МВР расчисти три одвоени случаи на криумчарење мигранти при што до надлежното ОЈО поднесе кривични пријави против три лица: А.Р. (51) од Студеничани, скопско, Б.Ј (27) државјанин на Р. Труција и Х.Ј. (40) државјанин на Р. Албанија поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело по чл.418-б од КЗ на РМ (“криумчарење мигранти“). Од страна на Судија на претходна постапка на А.Р. и Б.Ј. им е одредена мерка притвор во траење од по осум дена, додека на Х.Ј. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Имено во првиот случај во близина на тунелите кај Демир Капија, при разминување од страна на полициски службеници забележано е ПМВ марка Ауди 100 со скопски регистарски таблички кое се движело во правец Гевгелија-Скопје во кое се превезувале мигранти. По забележувањето, УПС свртеле и се упатиле по наведеното ПМВ и кога го пристигнале, возилото било застанато и од него се истоварале илегални мигранти кои откако ги забележале УПС се дале во бегство. На местото на настанот затекнат е возачот на ПМВ, А.Р. и еден од илегалните мигранти од Сирија.

Вториот случај е реализиран на ГП “Богородица“ каде што за влез во Р.Македонија се пријавило ПМВ марка “Опел Виваро“ со германска национална ознака управувано од пријавениот Б.Ј. При извршена контрола од царинскиот работник, возилото е издвоено за детален преглед при што во средниот дел на возилото, под патосот е откриен специјално направен бункаер, во кој биле сместени двајца сириски илегални мигранти со намера да бидат превезени до Германија.

Во третиот случај од страна на полициски службеници во близина на село Прдејци на автопатот Гевгелија-Скопје било забележано ПМВ “Мерцедес“ со албански национални ознаки управувано од пријавениот Х.Ј. како во возилото влегува група илегални мигранти. Набргу возилото е сопрено и во него се откриени десет илегални мигранти од Сирија, меѓу кои и четири деца. Илегалните мигранти се префрлени во Прифатниот центар за странци во Скопје.

Препорачуваме

Партнери на Правдико