Kривични пријави за радиодифузерите кои не ги почитуваа забраните за емитување музика
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Здружението за заштита на авторски музички права ЗАМП, на Седница на Собранието на ЗАМП, одржана на 21.11.2016 година во Скопје, беше донесена одлука за поднесување на кривични пријави до надлежното Јавно Обвинителство за сторено кривично дело – повреда на авторско право и сродни права од чл. 157 од Кривичниот Законик против сите Трговски радиодифузни друштва кои не ја почитувале Одлуката со број 493-1-0201 од 19.09.2016 година за забрана за емитување на авторски музички дела по пат на радиодифузно емитување од репертоарот на ЗАМП како и Одлуките на организациите за заштита на авторски музички права од СОКОЈ Србија, Одлуката на САЗАС Словенија, Одлуката на ПАМ Црна Гора, Одлуката на ХДС ЗАМП Хрватска и Одлуката на АМУС Босна и Херцеговина и јавно емитувале авторски музички дела од репертоарите на колективните организации.
Чл.157 од Кривичниот законик за кривичното дело ,,Повреда на авторско право и сродни права” гласи:
-Тој што во свое име или во име на друг неовластено ќе објави, прикаже, репродуцира, дистрибуира, изведе, емитува или на друг начин неовластено ќе посегне по туѓо авторско право иди сродно право,односно авторско дело, изведба или предмет на сродно право ќе се казни со парична казна или затвор од шест месеци до три години.
Доколку со кривичното дело е прибавена поголема имотна корист, сторителот ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години. Додека ако со кривичното дело е прибавена значителна имотна корист, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години.
Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.
Обидот за ова кривично дело е казнив.