Правдико

   

Кривични пријави за три лица за “кражба“ на огревно дрво

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

drvaЕдиницата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје постапувајќи по ОА ГОРА, во текот на минатиот месец за три оделни случаи до ОЈО Скопје поднесе кривични пријави против три лица од Скопје за сторени три кривични дела “кражба“ (по чл.235 ст.3 од КЗ).

Во првиот случај поднесена е кривична  пријава против С.А. (20) кој што од туѓа шума бесправно одзел повеќе стебла огревно дрво, даб и габер, во количина од 11,90м3 без соодветна документација и видлив шумски жиг и истите ги складирал на ливада во непосредна близина на својот дом во с.Раовиќ каде на 18 минатиот месец од страна на  ЕПОИА – АЛФА бесправно одземените дрва биле пронајдени.
Шумската полиција излегла на лице место и извршила контрола и мерење на дрвата при што е утврдено дека пријавениот складирал 15м3 огревно дрво, даб и габер, без жиг и соодветна документација додека на 19.10.2015 година од страна на Шумската полиција  извршен е дополнител увид  и мерење на дрвата на лице место  при што е утврдено количина од 11,90м3 огревно дрво даб и габер. Од страна на Шумската полиција  дрвната маса е предадена  во плац на ЈП „Караџица“ с.Петровец Скопје, а подвижната моторна пила во Агенцијата за управување со одземен имот-депо Миладиновци. Со наведеното дејствие пријавениот ја оштетил заедницата за  83.300 денари.

drva 26.12.2014Во вториот случај поднесена е кривична пријава против А.Б. (44) кој што откако претходно од туѓа шума бесправно исекол повеќе стебла на дрвја (бука, цреша јаболка) без соодветна документацијаи и без жиг, во количина од 1,70 м/3 истите ги натоварил во ТМВ марка  Форд со тетовски регистарски таблички по што се упатил за да ги превезе до својот дом на ул.„Дижонска 5“ во Скопје-Чаир. Истиот ден на ул.„Сердарот“- Драчево, пријавениот бил запрен од полициски службеници од ПС ОН Драчево, при што му била извршена контрола на возилото и стоката што ја превезува, по што истиот е лишен од слобода и му се одземени ТМВ и огревното дрво, а за настанот е известена Шумската полиција.  Со наведеното  пријавениот  ја оштетил заедницата за  11.900 денари.

И во третиот случај кривично е пријавен З.Н. (53) кој во текот на минатиот месец на точно неутврдено место, од туѓа шума бесправно одзел повеќе стебла огревно дрво бука без жиг и соодветна документација  во количина од 2,0 м3 и во неколку наврати ги натоварил во ПМВ Југо со скопски регистарски таблички во негова сопственост и ги превезол до неговиот двор во с.Таор. При последниот транспорт на дрва во количина од 0,5м3 на 07.10. на мостот на река Вардар помеѓу с.Орешани и с.Таор бил забележан од полициски службеници од ЕПОИ АЛФА и на даден знак да застане, истиот се дал во бегство, при што го напуштил ПМВ-то и се упатил во непознат правец. При потрага на возачот од ПМВ-то во дворот на пријавенот биле пронајдени бесправно одземените и складирани 2,0м3 огревно дрво бука, а за настаните е известена Шумската полиција. Со наведеното пријавениот ја оштетил заедницата за 17.500 денари.

Партнери на Правдико