Кривични пријави за три лица за пустошење на шума и кражба | Правдико

Правдико

   

Кривични пријави за три лица за пустошење на шума и кражба

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sumska-banskoliev1НК за КР Гостивар поднесе кривична пријава против С.Б. (38), Д.И. (21) и Д.Т. (45), сите од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,пустошење на шума,, и ,,кражба“.  На неутврден датум во шума во атарот на селото Чегране, ШСЕ ,,Сува Гора,, Куново, ЈП Македонски шуми, пријавените непрекинато вршеле бесправна сеча на букови и дабови стебла без одобрение од надлежен орган, а потоа ги транспортирале до дворното место на куќата на Д.Т., каде вршеле складирање.

На ден 26.05.2016 година околу 20.00 часот полициски службеници забележале патничко возило ,,Субару“ натоварено со дрва и при обид да го сопрат истото, возилото не застанало. По преземени мерки возилото било затекнато дворот на Д.Т. каде била пронајдена складирана дрвна маса на бесправно исечени огревни дрва на даб, бука и габер без никаква документација за потеклото, во количина од околу 15,4 метри кубни.

Во дворот се затекнати и три моторни возила, и тоа товарно возило ,,Там“ натоварено со 2,5 метри кубни, патничко возило ,,Сузуки“ натоварено со 0,7 метри кубни и патничко возило ,,Опел Фронтера“ натоварено со 1,2  метри кубни дрвна маса. Со горенаведените дејствија пријавените предизвикале штета на буџетот на Р.Македонија и на ЈП „Македонски шуми“-ПШСЕ „Шар  Гостивар“ во износ од 207.900 денари.

Партнери на Правдико