Кривични пријави за загрозување на животната средина и природата со отпад
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Полициски службеници од СВР Струмица вчера извршиле контрола на повеќе локации на подрачјата на Струмица, Радовиш, Гевгелија и на Валандово, каде што се врши откуп на секундарни суровини.
Притоа на 4 локации во Струмица биле констатирани нерегистрирани откупни пунктови, кои вршат таква дејност.
По целосно документирање на случајот, против сопствениците ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело загрозување на животната средина и природата со отпад по член 230 од Кривичниот законик.
Извор: Макфакс