Кривични против двајца мажи за неовластено производство на дроги | Правдико

Правдико

   

Кривични против двајца мажи за неовластено производство на дроги

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Полициската станица Свети Николе и Секторот за внатрешни работи Тетово поднесоа кривични пријави против двајца мажи за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции и прекурсори“.

Имено, 57-годишниот Љ.А од Свети Николе во атарот на селото Сопот одгледувал растенија канабис сатива, истите ги бeрeл, исушил и заради продажба, во куќа во село Сопот во негова сопственост, држел 42,4 грама марихуана, која при извршен претрес била пронајдена и запленета.

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против Д.М.(22). При претрес во неговиот дом во машина за садови биле пронајдени и одземени 870 грама марихуана.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико