Кривични против пет лица кои преку кражби во Радовиш се стекнале со над 180 илјади денари
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Струмичката полиција до ОЈО Радовиш поднесе кривична пријава против пет лица на возраст од 23 до 40 години, поради сомнеж дека сториле 14 кривични дела на подрачјето на Радовиш.
Делата за кои се товарат обвинетите се „кражба“, „тешка кражба“ и „одземање моторно возило“, и биле сторени во период од февруари до јули годинава.
Преку извршување на делата петте осомничени, како што информираат од МВР, се стекнале со противправна имотна корист од околу 188 000 денари.
Извор: Макфакс