Кривични за четири лица вработени во Општина Прилеп, го оштетиле буџетот за 130.000 евра | Правдико

Правдико

   

Кривични за четири лица вработени во Општина Прилеп, го оштетиле буџетот за 130.000 евра

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека се поднесени кривични пријави против четири лица вработени во Општина Прилеп, против управител на „Пелагонија турс“ од Прилеп и овластен геодет вработен во ГПС „Премер“ за злоупотреба на службена положба, кривично дело со кое го оштетиле буџетот на Република Македонија за 7.995.000 денари.

Кривичните пријави се поднесени против И.К. (61), вработен во Општина Прилеп на работното место раководител на секторот за урбанизам, И.Ч. (66), вработен во Општина Прилеп на работното место раководител во одделението за урбанизам, К.Б. (60), вработен во Општина Прилеп, член на Комисија за утврдување на фактичката состојба на самото место во постапки за легализација, и Б.В. (62), вработен во општина Прилеп, член на Комисијата за утврдување на фактичката состојба на самото место во постапки за легализација против С.К. (61), управител на ДОО „Пелагонија турс“ Прилеп, П.И. (50), овластен геодет вработен во ГПС „Премер“.

– И.К. од 25 август 2011 до 22 ноември 2013 година, во договор со другите пријавени презеле дејства, секој во рамките на своите овластувања, со цел легализација на деловен објект кој не можел да биде предмет на постапување во согласност со Законот за утврдувањето правен статус на бесправно изградените објекти. На тој начин противправно овозможиле правното лице „Пелагонија турс“ да стане сопственик на деловен објект лоциран на ул. „Маршал Тито“, кој се наоѓа на приземјето од станбено-деловна зграда во Прилеп, со што го оштетиле буџетот на Република Македонија за 7.995.000 денари – се вели во полициското соопштение.

Извор: Макфакс

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико