Кривични за двајца мажи од Конче кои краделе дрва од парцела на нивен соселанец
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Полицијата од Радовиш поднесе кривична пријава против двајца жители на селото Горни Липовиќ, општина Конче, поради сомнение за сторено кривично дело кражба.
Како што информираат од МВР, во периодот од октомври до 06. ноември годинава во атарот на селото Горни Липовиќ, на место викано „Чукана Рж“, од парцела сопственост на нивен соселанец, пријавените одзеле 30 метри кубни необележани дабови и габерови дрва, со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 72.000 денари.
Извор: Макфакс