Кривични за разбојници што во Прилеп краделе со закана со нож и бејзбол-палки | Правдико

Правдико

   

Кривични за разбојници што во Прилеп краделе со закана со нож и бејзбол-палки

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во врска со два одвоени случаја полицијата до Основното јавно обвинителство во Прилеп поднесе кривични пријави против С.Г. (48) од Кичево и против Н.А.(27) од Прилеп поради сомнение за сторени кривични дела разбојништво.

Во првиот случај на 20 октомври годинава, околу 3.30 часот, пријавениот С.Г., заедно со уште едно непознато лице, извршил разбојништво во куќа на прилепската улица Борка Талески.

Како што информираат од МВР, разбојниците насилно ја отвориле влезната порта од дворот и преку незаклучена влезна врата влегле внатре во куќата. Отишле во спалната соба во која спиела оштетената и физички ја нападнале со удари од тупаници во главата и телото, по што ја врзале со селотејп. По ова, С.Г. ѝ се заканил вооружен со нож дека ќе ја убие доколку не му даде пари и накит. Оштетената, исплашена од заканите, им ги дала златните обетки што ги носела на себе и му покажала каде има други златни предмети, по што сторителите одзеле три златни прстени и 20 златници. По одземање на предметите, со оригинален клуч ја заклучиле влезната врата од куќата и побегнале. На тој начин пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 150.000 денари.

Во вториот случај, пак, на 16 декември во 6.30 часот, пријавената Н.А, со уште едно непознато лице, извршиле разбојништво во двор од куќа на прилепската улица Љубен Лапе врз дистрибутер на „Прилепска пиварница“. Оштетениот излегувал од својата куќа носејќи со себе најлонско кесе во кое имало околу 96.000 денари од прометот, како и картички и други лични документи. Во близина на гаражата забележал лице со бејзбол-палка во рацете кое го нападнало удирајќи го во главата и телото додека другото лице го удирало одзади. Откако му го одзеле најлонското кесе со парите, сторителите побегнале.

Врз основа на добиеното вештачење и преземените оперативни мерки двата случаја се расчистени, а лицата се лишени од слобода.

Од страна на судија на претходна постапка од Основен суд Прилеп на пријавените им се одредени мерки притвор, за С.Г. во траење од 30 дена, а за Н.А. мерка домашен притвор, информираат од полицијата.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико