Кривичниот совет не гледа ништо спорно во претресот на СЈО кај Грујовски | Правдико

Правдико

   

Кривичниот совет не гледа ништо спорно во претресот на СЈО кај Грујовски

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Кривичниот совет во Основниот суд Скопје 1 ја прифати жалбата на Специјалното јавно обвинителство за претресот во домот на поранешниот началник во Петтата управа, Горан Грујовски.

Жалбата до кривичниот совет СЈО ја достави откако судијката Александра Поп Стефанија оцени дека претресот бил незаконски затоа што Грујовски бил во притвор, по што Советот утврди дека нема ништо спорно во претресот на неговиот дом.

Грујовски се сомничи за уништување на два системи за снимање на телефонски разговори на тајната полиција, од кои едниот, според СЈО, бил користен за нелегалното прислушување.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико