Кривичниот суд апелира да не се манипулира со јавноста во однос на условите за водење на судските расправи | Правдико

Правдико

   

Кривичниот суд апелира да не се манипулира со јавноста во однос на условите за водење на судските расправи

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основниот кривичен суд Скопје апелира до дел од адвокатите да не манипулираат со јавноста во однос на условите за водење на судските расправи и почитувањето на мерките на Светсктата здравствена организација и Владата на РСМ во однос на превенција за ширење на вирусот Ковид -19.

Како што секојдневно информираме и аплираме, судот, согласно одлуката на Судскиот совет и Министерството за правда изготви листа од околу 300 итни и неодложни предмети кои се насрочени во текот на месеците: март и април, од која листа во судот на дневна основа се насрочени не повеќе од 10 судења и тоа во зграда со 25 судници распоредени на седум ката. Токму затоа и судењата со поголем број странки се одвиваат во една од трите поголеми судници каде има доповолно простор и одалеченост меѓу присутните како што беше и денешниот пример со предметот во јавноста познат како „Титаник“ на кој во делот за јавност имаше и присутни претставници на медиумите.

Како би се спречиле сите шпекулации, ги повикуваме медиумите и претставниците на невладините организации кои ја следат работата на судот, доколку се во можност да присуствуваат не некоја од идните закажани расправи како би се увериле во условите за судење и во секојдневните известувања дека судот редовно се дезинфицира, се мери температура со безконтактен уред на секој кој влегува во зградата, се користат медицински маски и стерилни ракавици и фреквенцијата на луѓе е сведена на минимум.

Судот уште еднаш апелира дека и адвокатите кои ги критикуваат мерките кои ги презема судот, а дел од нив од претходно ги известиле судиите дека се спречени да присуствуваат на судењеата и воопшто не се појавиле во судската зграда изминатите денови, дека сите подеднакво треба да ги почитуваме препораките и да дадеме придонест во борбата со вирусот. Судот, се до добивање нови напатствија од Судскиот совет и Министерството за правда е должен да се води по нивните досегашни одлуки и да ги штити правата на обвинетите и оштетените во постапките.

Со почит Основен кривичен суд Скопје

Препорачуваме

Партнери на Правдико