Кривичниот суд демантира дека е донесена одлука за ослободување на Верушевски | Правдико

Правдико

   

Кривичниот суд демантира дека е донесена одлука за ослободување на Верушевски

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ilustracija-sudstvoОсновниот суд Скопје 1 – Скопје преку соопштение ги демантира написите на  Утрински весник и порталот Либертас.мк околу донесената одлука за ослободување на Верушевски.

Како Основен суд Скопје 1 – Скопје сметаме дека е не коректно од посочените медиуми да објавуваат непотврдени информации поврзани со конкретна одлука на судот, без оглед како дошле до тие информации и дали истите се точни или не, а воедно воопшто не се обратиле до судот за да ги проверат инфомрациите кои ги објавуваат стои во соопштението.

Исто времено заради екслузивитет и сензација  се впуштаат во дополнителни шпекулации објавувајќи и дека одреден судија кој одлучувал во конкретниот предмет бил прераспределен поради донесената одлука, дотолку повеќе што одлуката за прераспределба е направена со годишен распоред за работа на судиите во судот за 2016 година уште минатата недела, а одлуката по наведениот предмет сеуште не е донесена односно како што веќе објавивме во текот на вчерашниот ден, Кривичниот совет имаше доставено дополнително барање до Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за докомплетирање на документацијата пред донесување на конечната одлука.

Препорачуваме

Партнери на Правдико