Кривичниот суд ќе бара спас за истрагите на СЈО преку Собранието | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Кривичниот суд ќе бара спас за истрагите на СЈО преку Собранието

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

За иднината на истрагите на СЈО и за преземањето предмети од редовните обвинителства, освен новиот закон, кој е во подготовка, ќе „пресуди“ и автентичното толкување на Законот за специјалното јавно обвинителство, кое кривичниот суд ќе го побара преку државниот јавен обвинител од Собранието. Ова било одлучено на судискиот колегиум во кривичниот суд кој се одржал вчера попладнето.

Најпрвин државниот обвинител Љубомир Јовески ќе треба да се произнесе за тоа кое обвинителство треба да ги води предметите на СЈО кои беа оспорени со мислењето на Врховниот суд, но и ќе се бара автентично толкување од Собранието на членот 22 од Законот за СЈО, за кој Врховниот суд даде мислење, дека Катица Јанева повеќе не е овластен тужител за да отвора истраги и покренува обвиненија.

Од кривичниот суд соопштија: „Колегиумот на судии при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, на седницата  одржана на 04.02.2019 година, на која тема на дискусија беше правното  мислење на Врховниот суд на Р.Македонија во однос на рокот во кој  Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои  произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) може да   поднесува и презема обвинениа, донесе заклучук да се обрати до Јавниот  обвинител на Р.Македонија, Љубомир Јовевски, со барање Јавниот обвинител  да се произнесе кое обвинителство може во иднина да постапува како  овластен тужител во предметите поднесени од СЈО“.

Јовески веќе јавно го соопшти ставот дека Врховниот суд не бил надлежен да одлучува за ова прашање бидејќи не станува збор за невоедначена пракса на судовите, туку за толкување закон што е надлежност на Собранието.

Највисокиот суд минатата недела донесе начелно мислење дека рокот од 18 месеци за обвиненија и истраги СЈО требало да го смета од моментот кога биле преземени бомбите, а не од секој поединечно од преземањето на секој предмет од редовното обвинителство.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико