Правдико

   

Кривичниот суд објави нова листа на приоритетни предмети

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основниот кривичен суд Скопје ја информира јавноста дека почнувајќи од денеска па се до следно известување, во Кривичниот суд ќе се судат само предмети во кои еден или повеќе обвинети имаат мерка притвор или куќен притвор, предмети од член 205 и 206 од КЗ поврзани со загрозување на здравјето на граѓаните и предмети поврзани со нарушување на полицискиот час и другите мерки на Владата на РСМ за заштита од ширење на вирусот Ковид – 19, а за чие постапување надлежен е судот.

Воедно судот ќе постапува и по сите итни предмети за кои се надлежни кривичните совети, а по кои се постапува на нејавни седници.

За таа цел изготвена е листа од 39 притворски предмети, насрочени во следните 30 дена за кои предмети странките кои имаат усна или писмена покана се должни да дојдат на закажаното судење, додека странките во сите други постапки кои не се наведени на листата ќе добијат дополнителни покани за следните термини.

Согласно Уредбата со законска сила за роковите во судските постапки за време на вонредна состојба, усвоена на седница на Влада на РСМ на 30.03.2020 година, судот со новата листа на предмети значително го намали бројот на насрочени расправи, а со тоа и фреквенцијата на луѓе во судот како дел од препораките за заштита од ширење на вирусот.

Како суд уште еднаш апелираме и до сите странки, кои се дел од новата листа на приоритетни предмети, доследно да ги почитуваат прораките и мерките за заштита, а судот ќе продолжи со редовни дезинфекции на судниците и другите простории, мерење на температурата со бесконтактни уреди на сите кои ќе влезат во судот и задолжение за носење медициснки маски и стерили ракавици.

НАПОМЕНА – листата зависно од потребите ќе биде ажурирана и надополнета за што јавноста ќе биде дополнително известена.

ЛИСТА НА ПРИОРИТЕТНИ ПРЕДМЕТИ

Одделение – КОК

Судија Васка Николовска – Масевска
КОК.бр. 116/19 – 2 и 3 април / КОКООА бр. 12/20 – дополнително известување за термин

Судија Горан Бошевски
КОК.бр. 23/20 – 1 и 13 април / КОК.бр.39/20 – 1, 7 и 13 април / КОК.бр. 81/19 – 7 април.

Судија Добрила Кацарска
КОК.бр. 35/20 – 7. Април / КОК.бр. 146/19 2,6,16,22 и 24 април

Судија Владимир Туфегџиќ
КОК.бр. 42/20 – 14 април.

Судија Дарко Тодоровски
КОК.бр. 53/19 – дополнително термин / КОК.бр. 6/20 – 8 април / КОК ООА 14/20 – дополнително термин

Судија Илија Трпков
КОК.бр. 2/20 – 15, 16 и  28 Април

Судија Осман Шабани
КОК.бр. 107/19 – 01 април / КОКООА бр. 11/20 – 09 април

Одделение – К

Судија Александра Ристеска
К.бр. 662/20 – 6 Април / К.бр. 474/20 – 10 Април

Судија Верка Петковска
К.бр. 623/20 – 31 Април

Судија Марин Станевски
К.бр. 332/20 – 31 Март / К.бр.608/19 – 31 Март

Судија Елена Илиевска Јосифовиќ
К.бр. 642/20 – 3 април

Судија Билјана Коцевска
К.бр. 605/20 – 02 Април

Судија Лидија Зимбовска
К.бр. 689/20 – 02 Април

Судија Ѓоко Ристов
К.бр. 660/20 – 01 Април / К.бр. 2051/19 – 08 Април / К.бр. 574/20 – 10 Април / КООА бр. 13/20 – 06 Април

Судија Љубинка Башевска
К.бр. 668/20 – 01 Април

Судија Оља Ристова
К.бр. 473/20 – 16 Април

Дијана Груевска Илиевска
К.бр. 2170/19 – 01 Април / К.бр. 713/20 – 06 Април / К.бр. 275/20 – 09 Април /
К.бр. 1407/19 – 07,13 и 27 Април

Судија Фанка Јанчулева Михаиловска
К.бр. 2020/10 – 03 Април

Судија Ленка Давиткова
К.бр. 1878/19 – 29 Април / К.бр. 817/11 – 23 Април и 07 Мај

Судија Славица Андреевска
К.бр. 480/20 – 12 Април / К.бр. 360/18 – 09 Април.

Судија Софија Лаличиќ
К.бр. 642/20 – 03 Април

Судија Марија Клетничка Марковска
К.бр.622/20

Со почит Основен кривичен суд Скопје

Партнери на Правдико