Кривичниот суд сеуште не ја добил одлуката за укинување на аболицијата | Правдико

Правдико

   

Кривичниот суд сеуште не ја добил одлуката за укинување на аболицијата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Krivicen-sud-860x680Кривичниот суд преку соопштение се огласи за шпекулациите поврзани со укинувањето на аболицијата од страна на Претседателот Иванов како и за одредени постапки кои се иницирани од страна на СЈО. Соопштението го пренесуваме во целост:

Во однос на повеќе новинарски прашања кои беа упатени до судот поврзани со одлуката на Претседателот на Р.Македонија за повлекување на аболицијата, а со цел прецизно и навремено информирање на јавноста, ве известуваме дека како Основен суд Скопје 1 – Скопје суеште не сме ја добиле одлуката од Претседателот на Р.М. за да се произнесеме што ќе биде презмено, но секако по добивање на одлуката судот ќе постапува и ќе ја спроведе одлуката согласно законските надлежности.

Што се однесува до постапките на гонење на одредени лица што беа опфатени со аболицијата, а кое гонење беше започнато од Специјалното јавно обвинителство и  прашањето дали иститите ќе продолжат, ве известуваме дека судот не е орган надлежен да гони па за сите прашања ве упатуваме да се обратите токму до Обвинителството кое го отпочнало гонењето.

Во однос на лицето З.К. на кое согласно одлука на Претседателот на Р.М. од страна на судот со решение му беше запрена постапката за извршување на казната затвор, по добивање на одлуката на Претседателот на Р.М.за повлекување на аболицијата за истото лице, доколку таква е донесена, истата ќе биде доставена до судија за извршување санкции на надлежно постапување.

За предметот во јавноста познат како „Транспортер“ и барањето на СЈО за замрзнување на имот на одредени лица кои се опфатени во овој предмет, ве информираме дека до Кривичниот суд сеуште не доставено барање за оштета спрема трето лице согласно законските одредби од страна на надлежното обвинителство и барањето сеуште не е уредено како би  постапувал судот.

За сите останати прашања поврзани со предмети опфатени со аболицијата како и евентуално нови барања по кои може да постапува судот, можете да се обратите до Обвинителствата надлежни за поднесување на истите барања и предлози, а за секоја одлука која ќе биде донесена од страна на судот, како и досега, навремено ќе ја инфомрираме јавноста.

Препорачуваме

Партнери на Правдико