Кривичниот суд во Скопје одреди притвор за осомничен во „Транспортер“ | Правдико

Правдико

   

Кривичниот суд во Скопје одреди притвор за осомничен во „Транспортер“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

sud-osskopje1Кривичниот суд во Скопје му одреди притвор на еден осомничен во Транспортер- истрага која ја објави Специјалното обвинителство, поврзана со финансиски криминал за превоз на ученици во Битола. На уште три лица осомничени во истиот предмет одредени им се мерки на претпазливост.

Овие информации доцна вечерва за 24 вести ги потврди Основниот суд во Скопје. Решението од судот се уште не е пристигнато во Специјалното обвинителство.

Според официјалните информации од судот, четворицата осомничени биле денеска на распит во Кривичниот суд од 11 до 16.30 часот. За истиот термин и утре е закажан распит на уште четири лица осомничени во Транспортер.

Меѓу осомничените е и градоначалникот на Битола, Владимир Талевски, но за него не е побарана мерката притвор, бидејќи беше помилуван од претседателот Ѓорѓе Иванов.

Инаку, според СЈО, 22 лица меѓу кои и директори на основни и средни училишта, фирми кои вршеле транспорт на ученици треба да одговараат за финансиски криминал, бидејќи според СЈО, тие наплаќале двојно повисока сума од предвидената .

СЈО оцени дека општина Битола плаќала најскап превоз на ученици во светот, па дури поскап и во оној во Токио.

Извор: 24 Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико