Правдико

   

Кривичниот суд за сообраќајката кај „Млечен“: Целосно неетички е да се коментира првостепена пресуда

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Целосно неетеички е во јавноста од одредени субјекти да се коментира и злоупотребува првостепена неправосилна пресуда која во иднина може да биде преиначена во делот на казната, велат во соопштение од кривичниот суд, во однос на одлуката за условна казна од две години за обвинетиот за сообраќајката кај „Млечен“, што предизвика лавина од реакции во јавноста.

Од судот исто така посочуваат дека непрофесионално и незаконски би било да коментираат пресуда на судија поединец кој е независен во своето постапување.

Станува звор за сообраќајната несреќа од 2018 година во Скопје во која почина возач на мотоцикл, а тешко беше повредена и неговата сопруга, сопатничка на мотоциклот, која го загуби нероденото бебе.

Поради јавниот интерес за случајот, од судот само посочуваат дека станува збор за кривично-правен предмет за кој Јавниот обвинител утврдил дека постојат сомневања за кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, сторено од небрежност, а не со умисла.

„На главната расправа 63-годишниот обвинет В.Ч. ја признал вината, а судот, заради тоа, не навлегувајќи во утврдување на фактичката состојба и врз основа на сите олеснителни и отежителни околности изрекол осудителна пресуда“, се наведува во соопштението и се додава дека во ваков случај судот не може да смени или преквалификува кривично дело, ниту може да излезе од рамките на пропишаната казна.

„Странките кои се незадоволни може да ги искористат сите правни механизми за да ја оспорат пресудата откако ќе биде писмено изработена и доставена. Наместо коментари и квалификации на првостепена неправосилна пресуда, екпертстаката и стручната јавност потребно е да се осврне на оредбите од Кривичниот законик и висината на пропишаните казни“, наведуваат од Кривичниот суд.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико