Правдико

   

Кривичните судии од денес работат по новиот годишен распоред на Рибарев

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Новиот годишен распоред за работа донесен од в.д претседателот на Основниот суд – Скопје 1, Стојанче Рибарев, кој предизвика бура реакции, од денес официјално стапува на сила.

Тој стана правосилен откако незадоволните судии што беа прераспределени на друга материја, ги добија одлуките на нивните приговори. Сите 17 судии добија негативен одговор од Врховниот суд, кој ги одби нивните жалби како неосновани.

Претседателот на Кривичниот суд, Стојанче Рибарев, во изјава за Макфакс рече дека денес за 15 часот закажал стручен колегиум, на кој ќе се разговара околу прераспределувањето на предмети. Тој уверува дека граѓаните нема да почувствуваат проблеми и оти тоа нема да доведе до одолговлекување на постапките.

Досега ниту еден годишен извештај не предизвикал толку реакции како последниот на Рибарев, кој од позиција на врховен судија дојде времено да ги смири страстите во Кривичниот суд, до изборот на нов претседател.

Приговори поднесоа судиите Дијана Груевска,Маријан Грубиша,Добрила Кацарска, Љубинка Башевска.Александар Милошески, Седат Реџепагиќ, Огнен Ставрев, Ѓоко Ристов, Гордана Спирова, Пајазит Пајазит, Весна Димишкова, Илија Трпков, Марија Клетничка Марковска, Драган Николовски, Софче Гаврилова Ефремова, Александра Ристевска.

Во Основниот суд – Скопје 1 се ангажирани 71 судија.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико