Правдико

   

Кривично пријавени пет лица спречени во намера да препродаваат екстази и хероин

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Teenagers passing drugs --- Image by © Image Source/CorbisЕдиницата за недозволена трговија со дрога при СВР-Скопје за два различни случаи поднесе две кривични пријави до надлежното ОЈО Скопје против лицата Б.М.Ѓ. (30), Д.С. (34) и И.Н. (38) од Скопје како и против С.М. (43) од Скопје и Т.К. (43) од Гевгелија, поради основано сомнение дека во текот на минатиот месец неовластено набавиле поголема количина на синтетичка дрога-екстази и хероин, наменети за улична продажба.

За сторените кривични дела – „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, предвидени и казниви по член 215, Судија на претходна постапка на С.М. и Т.К. им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена.

Во првиот случај, Единицата за недозволена трговија со дрога по добиено сознание дека Б.М.Ѓ. кој и претходно бил кривично пријавуван за недозволена трговија со синтетички дроги, планирал да набави поголема количина на синтетичка дрога-екстази, со намера улично да ја продава, превзеде мерки и активности за потврдување на сознанието и обезбедување на материјални докази. По потврдување на сознанието, превземени се мерки за утврдување на движењето на пријавениот и локациите каде би можел да врши препродажба на дрогата при што на 12. овој месец година околу 19,00 часот во населбата Капиштец од страна на полициски службеници на Единицата, извршено било легитимирање и преглед на Д.С. и И.Н. како и преглед на моторното возило во кое биле пријавените, при што кај И.Н. биле пронајдени и одземени 14 таблети екстази. Истите биле приведени во службените простории на Единицата за недозволена трговија со дрога, а со наредба од Судија на претходна постапка истиот ден бил извршен претрес во домот на Б.М.Ѓ. каде биле пронајдени и одземени 0,58 грама амфетамин во прашкаста форма, 3,4 грама амфетамин во грутчеста форма, дигитална вага со траги од амфетамин, кокаин и марихуана, како и 27.500 денари и 250 евра.

Второто кривично дело го извршиле С.М. од Скопје и Т.К. од Гевгелија, при што С.М. по претходен телефонски договор со Т.К. од засега непознато лице од Скопје набавил 30 грама хероин и истиот за 420 евра му го продал на Т.К., кој планирал улично да го продава на уживатели. Имено, по добиено сознание дека С.М. вршел улична продажба на хероин на уживатели од Скопје, но и од други градови од Р.Македонија, превземен се  мерки за потврдување на сознанието и обезбедување на материјални докази. Така, дознаено е дека на 15 – ти овој месец С.М. планирал да продаде поголема количина на хероин на лице од Гевгелија, при што во вечерните часови било забележано возило со гевгелиски регистерски таблици од кое излегле три лица и се упатиле кон домот на С.М. Откако истите кратко се задржале, излегле и со возилото се упатиле кон наплатната рампа „Петровец“, каде од страна на полициски службеници од Единицата, биле сопрени и легитимирани и по извршениот преглед над нив и претрес на моторното возило, кај Т.К. сокриено во чорапите било пронајдено едно полиетиленско кесиче со 30 грама хероин. Истиот заедно со другите две лица кои биле во возилото биле приведени во службените простории на Единицата.

Партнери на Правдико