Правдико

   

Кривични пријави против три лица за „несовесно работење во службата“

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

СВР Штип поднесе кривичка пријава против лица за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, при што се смета дека сториле штета на Република Македонија во вредност од 61.974 денари.

Имено, против М.А. (28) од Кратово, Ј.Н. (40) и В.Ј. (47) од Куманово, поднесена е кривична пријава, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

М.А., вработен како помлад соработник во Министерството за финансии, Подрачна единица-Кратово, во првостепена управна постапка, врз основа на поднесена документација од Љ.С., изготвил првично нацрт-решение, а подоцна и решение за приватизација на градежно земјиште во коешто навел дека барателот имал стекнато право на користење преку приложениот договор за подарок од 66 метри квадратни и дека истите му се приватизираат, и покрај тоа што во договорот за подарок наведените 66 метри квадратни не се наведени.

Потоа, Ј.Н., во својство на раководител на сектор во МФ-ПЕ Кратово, без да изврши должен надзор на изготвеното решение, во коешто било наведено и дека Љ.С. корисничкото право на наведените 66 метри квадратни го добива врз основа на решение за користење  површина во времетраење од една година, за време на градба во 1991 година без надоместок, и дека истото не може да биде предмет на приватизација, го потпишал и го доставил решението до В.Ј.

Третопријавената во својство на државен правобранител за подрачјето на Куманово, врз основа на нацрт-решението, без да изврши должен надзор, до МФ-ПЕ Кратово, до прво и второпријавениот изготвила и доставила мислење во кое тврди дека нацрт-решението е во согласност со Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште и навела дека е во согласност со договорот за подарок. Со наведеното кривично дело пријавените сториле штета на Република Македонија во вредност од 61.974 денари.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико