Кризниот штаб предлага да се укине полицискиот час, на свадба да може да има повеќе од 100 гости | Правдико

Правдико

   

Кризниот штаб предлага да се укине полицискиот час, на свадба да може да има повеќе од 100 гости

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Кризниот штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, меѓу кои е и укинување на полицискиот час од среда, 16 јуни.

Главниот координативен кризен штаб против Ковид-19 ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за олабавување на мерките почнувајќи од 16 јуни и ги предлага на конечно усвојување на утрешната владина седница.

Комисијата предлага од среда да се укине целосно полицискиот час, да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави и да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50 % од објектот и не повеќе од 1.000 лица.

Од Министерството за здравство велат дека епидемиолошката состојба е стабилна и дозоволува олабавување на мерките.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико