Правдико

   

КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ ги „собра“ медалите на Првата Битолска Олимпијада

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во спортско-рекреативниот центар „СРЦЕ“ – Довлеџик се одржа Првата Битолска Олимпијада која траеше од 24 – 27 Мај и во која учество зедоа 15 приватни компании од Битола.

На олимпијадата се одржаа натпревари од следните дисциплини: мал фудбал, баскет, одбојка, шах, бељот, стрелање со воздушна пушка, стрелање со лак и стрела, кајак на мирни води, маратон, билјард, пикадо, пинг- понг и т.н. fun games или забавни игри кои потсеќаа на игрите кои порано можевме да ги гледаме како дел од „Водени лудории“ и се сочинуваа од штафета, одење по греда, трчање низ автомобилски гуми и на крај завршуваа со „пиво-понг“ (beer pong).

Компанијата Кромберг & Шуберт зеде учество со 7 тимови поради големата заинтересираност помеѓу 6200-та вработени во фабриката. Секој од тимовите имаше членови од различни оддели од фабриката бидејќи како што велат тие „ги спојуваат силните страни на поединците за да направат најсилен тим“, што и се докажа со многуте медали кои ги освоија на олимпијадата. Покрај медалите освоени за индивидуалните дисциплини на олимпијадата, Кромберг & Шуберт ги освоија и првите три места на олимпијадата и тоа во следниот редослед:

Трето место – Kroschu Best of the best
Второ место – Kroschu United
Прво место – Kroschu Dream team

Главна награда која ја освои тимот Dream team е рафтинг на реката Тара во организација на менаџерскиот тим на „СРЦЕ“ – Довлеџик, додека за сите останати натпреварувачи беа доделени соодветните медали. Целта на оваа олимпијада, како што велат организаторите, беше да се зголеми тимскиот дух како меѓу вработените во компаниите така и меѓу вработените од различните компании. Сепак, на крајот на денот, важно е да поминеме убаво и да го прошириме нашиот круг на пријатели и соработници. Искрено се надеваме дека оваа Битолска Олимпијада ќе прерасне во традиција и дека од наредната година ќе биде уште помасовна, со поголема посетеност и со уште повеќе награди.

За победниците од големото КРОШУ семејство ова навидум беше “лесна” победа затоа што тоа е богатството на нивната големина, изобилуваат со огромен број на потенцијал и таленти помеѓу самите вработени!

Им благодариме на сите што борбено и достоинствено ги бранеа боите на КРОШУ!
Бидете и Вие дел од победничкиот тим, бидете дел од Кромберг & Шуберт!

Picture12-min
Picture13-min
Picture11-min
Picture10-min
Picture9-min
Picture7-min
Picture8-min
Picture2-min
Picture 1-min
Picture4-min
Picture5-min
Picture6-min

Партнери на Правдико