КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола придонесува за имунизација на своите вработени | Правдико

Правдико

   

КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола придонесува за имунизација на своите вработени

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Општествената одговорност, позитивниот став, посветеноста и благосостојбата на вработените во компанијата се едни од најважните цели на менаџменот на КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола (КШМК). Настојувањето и заложбата на компанијата за да се обезбеди најдобра грижа и заштита на здравјето на вработените е главно начело. Од почетокот на пандемијата до денес, се имплементирани сите мерки кои се препорачани од релевантните светски и регионални органи за организирање безбеден работен процес. Исто така, во рамките на компанијата постојано се промовира и важноста за имунизација на населението како најбитна алатка за излез и победа над пандемијата која ја предизвика болеста Ковид – 19.

Во овој период од клучно значење е проактивноста на секој поединец и правен субјект, па за таа цел најголемиот работодавач во приватниот сектор во државата за своите вработени, а воедно и граѓани на Република Македонија, а во соработка со сестринската компанија во Крушевац, КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ СРБИЈА ДОО Крушевац (КШСР-Кр) и Регионалната Стопанска Комора во Расинскиот округ од Србија (Регионална привредна комора Расинског управног округа), во неколку наврати организираа имунизација во просториите на компанијата КШСР-Кр, при што моментално се вакцинирани околу 700 вработени од КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола. Имено, вработените на КШМК до Крушевац, Србија патуваа со бесплатен организиран превоз, придружувани од медицински персонал, обезбедени ужинки и пијалоци за освежување. Во текот на патувањето имплементирани се сите мерки за заштита на здравјето на вработените. На инцијатива на менаџментот на компанијата, за отсутните вработени е овозможено платено отсуство од работа на денот на имунизацијата. Дополнително, вработените имаат можност да пријават и членови на семејството сè со цел што побрзо да се обезбеди заштита за што поголем број на луѓе. Компанијата изврши преструктуирање во производството, за да не се направи застој во работата, поради отсутните колеги, а производот да биде навремено изработен и испорачан до клиентите. Сите вработени во КШМК кои тој ден беа присутни на работните места заедно, со сплотени сили успеаја да ја исполнат оваа цел.

Иако ваквите акции бараат многу работа, напори, средства и организација, КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола претставува компанија која постојано и преку дела докажува дека нејзините вработени се најважни, секогаш, во сите ситуации.  Здравје за сите без компромиси.

Политиката на работа со начело на интегритет и соработка со сите организации, создаде една одлична платформа на партнерство и со компанијата КШСР-Кр, кои максимално се ангажираа да излезат пресрет на барањето за вакцинација на заинтересираните колеги од КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола. За да се организира регионална акција од ваков вид, подразбира највисоко ниво на координација од повеќе институции. Успешната соработка на компанијата КШСР-Кр со Регионалната Стопанска Комора во Расинскиот округ од Србија, овозможија брзо спроведување на оваа акција, заедно и со поддршка на вклучените Здравствени работници во Инситутот за јавно здравје во Крушевац, Инситутот за јавно здравје во Ниш, Владата на Република Србија како и целиот Српски народ. Истите, претставуваат важен пример за добрососедски односи и се за најголема пофалба.

Поради тоа, уште еднаш, официјално КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола упатува благодарност за доброволниот гест на солидарност, единство и човечност! Благодарност за искреното пријателство, несебичност и поддршка! Благодарност за придонесот за зачувување на колективното здравје до колегите во КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ СРБИЈА ДОО Крушевац, Регионалната Стопанска Комора во Расинскиот округ од Србија, Претседателот Вучиќ како и целиот Српски народ.

Пандемијата со коja се соочуваме сите, покрај сите предизвици кои ги носи, дава можност и да излезе на површина најдоброто од луѓето, да донесе заедништво и сплотеност кога добрите дела се прават без да се очекува нешто за возврат, бидејќи тоа е единствениот правилен начин за да бидеме и останеме ЛУЃЕ.

Секако, победата над пандемијата е заедничка одговорност на сите. Да за животот, неограничената слобода на движење и достапното здравје за сите!

 

КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола

Партнери на Правдико