КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ во пресрет на новогодишните и божиќни празници и оваа година организираше уникатна забава за своите вработени | Правдико

Правдико

   

КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ во пресрет на новогодишните и божиќни празници и оваа година организираше уникатна забава за своите вработени

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола по четврт пат организираше предновогодишна забава за своите вработени со тематика Крошу бал. Оваа компанија моментално брои 2800 вработени и работи на проекти за големите светски познати автомобилски брендови Ауди, БМВ и Мерцедес.

DSC_1922 (Copy)

Новогодишните и божиќните празници се период во годината кои асоцираат на среќа, радост, дружење, љубов, забава. Во тој дух оваа компанија и посака добредојде на новата 2016 година со огромна забава која се одржа на 26.12.2015 година во хотел ресторанот Гранд Премиер, на која пристувуваа околу 2500 вработени. Забавата беше исполнета со многу интересни моменти, со богата музичка програма и многу изненадувања.

Во духот на виенскиот бал вработените беа дочекани со прекрасна класична музика која беше изведувана од учениците на средното музичкото училиште од Битола, а атмосферата дополнително беше збогатена со настапот на тацовиот клуб „Степ Ап“ од Битола кои со својот елегантен и раскошен изглед поблиску ги доловија гламурозноста на виенскиот и англискиот валцер.

На присутните добредојде им посакуваше менаџерскиот тим додека пак сите раководители на смени направија мала претстава која беше ретроспектива на сите случувања од почетоците до денес.

За музичката програма се погрижи музичката група „Деспина“ од Битола, а ѕвезда на вечерта беше Ален Исламовиќ, еден од најголемите поп/рок ѕвезди на Балканот и поранешен фронтмен на групата Бело Дугме. Вработените уживаа во прекрасната музика, храна, дружење со колегите и позитивна атмосфера. И со истата таа енергија сите заедно си посакааа 2016 да биде исполнета со многу убави моменти, многу успеси и уште поголем број на членови во нивното „КРОШУ“ семејство.

Препорачуваме

Партнери на Правдико