Правдико

   

Крсте Шајноски избран за претседател на Агенцијата за супервизија

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Собранието со 55 гласа за го избра Крсте Шајноски за претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија и осигурување. На оваа позиција Шајноски доаѓа од позицијата вонреден професор од Институтот за бизнис и економија. Шајноски беше предложен од Владата во ноември, откако му истече мандатот на неговиот претходник Климе Попоски.

Пред да биде именуван, реагираше пратеничката Лилјана Кузмановска која праша кој му бил мотивот на Шајноски, да биде дел од оваа институција кога во минатото бил поборник за остварување на професионалците во приватниот сектор.

“Шајноски велеше, дека не е престиж еден експерт да работи и се остварува во државна администрација. Не сакам да навлегувам во неговото CV, но ме интересира зошто одеднаш му стана толку примамливо да биде дел од ова регулаторно тело”,рече Кузмановска од собраниската говорница.

На нејзиниот говор реагираше пратеникот Костадин Ацевски, од СДСМ, кој рече дека не требало да се крева прашина затоа што тие во минатото вдомиле еден куп партиски експерти.

Покрај Шајноски, беше избран и Злате Симоновски како член на советот на експерти на оваа регулаторно тело.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико